Доктор од Кавадарци позитивен на Ковид 19
23-04-2020 РЕГИОН

Директорот на кавадаречката болница, д-р Диме Коцев информира дека во текот на вчерашниот ден ( во вечерните часови) е регистриран уште еден позитивен случај од Корона вирус ( CoVid - 19) во Кавадарци.

 

Во конкретниот случај се работи за медицинско лице - доктор, кој е вработен во Центар за јавно здравје Кавадарци - Подрачна единица Кавадарци.

 

Веднаш по добиениот резултат бил контактиран  инфектологот од кавадаречката болница.

 

„Утврдено е дека пациентот во овој момент нема никакви симптоми на болеста и се чувствува добро. Поради тоа, кај истиот е даден совет за домашно лекување во траење од 14 дена , со назнака да биде во секојдневен контакт со матичниот лекар и за било каква промена да се консултира инфектолог.   Во ЦЈЗ Кавадарци извршена е епидемиолошка анкета за лицето, контактите се веќе утврдени и истите по протокол се упатени во домашна самоизолација, во траење од 14 дена.   Ја користам приликата да ја информирам јавноста дека пристигнаа резултатите од земените брисеви на контактите од претходниот позитивен случај и истите се негативни“ информира д-р Коцев.

 

А.Д

 

 

 



Share

Додади коментар