Донации за ковид одделението во кавадаречката болница
27-10-2020 РЕГИОН

Општинската организација на Црвен Крст Кавадарци се вклучи во подршката и опремувањето на Ковид одделението при ЈЗУ општа болница Кавадарци со свои донации, а мобилизираше и други организации и субјекти од Кавадарци да донираат за ова одделение.

 

Сега за сега од нас од Црвен крст Кавадарци обезбедени се:

- 80 ќебиња и 50 комплети постелнина за единечни кревети;

- Од Лајонс клуб Тиквеш Кавадарци 30 перници;

и - Заедно од СОЗШУ Ѓорче Петров Кавадарци и СОУ Ќиро Спанџов - Брко Кавадарци вкупно 10 ќебиња и 10 перници.

 

„Целта не е да се пофалиме кој колку донирал, туку да ги мотивираме сите компании и организации кои можат да донираат, да го направат тоа и да помогнат во овие тешки денови за државата и за болните од Ковид“ велат од ОО Црвен Крст Кавадарци.

 

Од општа болница Кавадарци денеска упатија благодарност за донациите и информираа дека со помош во борбата со вирусот Корона - Covid19 преку донирање на медицинска опрема 20 регулатори за кислород и 100 скафандери за мултикратна употреба  се вклучиле и  компаниите Еуроникел индустри, Градба промет и Машинкоп.



Share

Додади коментар