Кавадаречката болница го зголеми постоечкиот капацитетна ковид-центарот со уште едно одделение и дополнителни дваесет болнички кревети. За доопремување на одделението Дрекслмајер ги донираше потребните регулатори за кислородни боци кои се важен дел во процесот на лекување на ковид пациентите на кои им е неопходна кислородна поддршка.
„Покрај првичниот ковид центар, за краток период приспособивме уште едно ковидодделение со дополнителни дваесет кревети во болницата. Огромна благодарност до компанијата Дрекслмајер, што и овојпат излезе во пресрет на нашите потреби и ги обезбеди регулаторите за кислородни боци, како би биле во можност да обезбедиме соодветна здравствена услуга за нашите пациенти“, истакна др. Диме Коцев, директор на ЈЗУ Општаболница Кавадарци.
Дрекслмајер во неколку наврати од почетокот на пандемијата преку донирање на заштитна опрема даде поддршка на здравствените работници од повеќе институции. Компанијата и претходно излезе во пресрет на неколку медицинските установи за кои обезбеди возила и медицинска апаратура.
„Драго ми е што изминатите неколку години реализиравме низа проекти за медицинскиот персонал во кавадаречката болница. Дрекслмајер останува партнер на регионот, а во оваа здравствена криза сакаме да дадеме свој придонес и поддршка во заштитата на здравјето на граѓаните“, рече Лукас Мирингер, генерален директор на Дрекслмајер во Кавадарци.
Одговорното однесување и придржувањето на пропишаните мерки е клучно за спречувањена понатамошно ширење на коронавирусот. На тој начин се штитиме себеси и своите најблиски, но го штитиме и јавното здравје.

Додади коментар