Над илјада визири се донирани на медицинскиот персоналво Кавадарци, Неготино, Велес и Прилеп. Се работи за сертифицирана и висококвалитетназаштита за лице што Дрекслмајер ја произведува во сопствената фабрика во Браунау,Австрија. При производството на овие визири компанијата ги користи своите компетенции водизајнот, правењето прецизни алатки и обликувањето, а на овој начин сака да даде својпридонес во борбата против коронавирусот.
Лукас Мирингер, директор на локацијата Дрекслмајер во Кавадарци, се заблагодари нацелиот медицински персонал за неуморната работа за време на оваа пандемија:
„Медицинските работници изминативе месеци непрекинато се борат за здравјето напациентите заболени од Ковид 19 и се трудат да го заштитат јавното здравје. Со заштитнатаопрема што ја дониравме на четирите болници сакаме да изразиме благодарност за нивнатапосветеност, а воедно да дадеме поддршка на здравствениот систем во справување сокоронавирусот.“
Во април годинава, на почетокот на здравствената криза Дрекслмајер исто така донирашекомплетна медицинска опрема за здравствените работници од болниците во Кавадарци и Велес.
На предавањето на заштитните визири, директорот на ЈЗУ Општа болница Кавадарци д-р. Диме Коцев истакна: „Визирите што ги добивме ни овозможуваат дополнително да гозаштитиме нашиот медицински персонал. Драго ми е што од Дрекслмајер се секогашподготвени да излезат во пресрет и да дадат поддршка на здравствените институции.“
Компанијата апелира до сите граѓани да се однесуваат одговорно. Придржувајќи се допропишаните заштитни мерки, секој може да даде личен придонес во спречување наширење на коронавирусот, а на тој начин и да помогне на здравствение работници вонивната секојдневна битка за здравјето на пациентите - стои во соопштението од ДММ.

Додади коментар