Продолжува да се зголемува бројот на ковид позитивни во тиквешкиот регион. Во последното деноноќие, заклучно до вчера се дијагностицирани 23 нови случаи на корона вирус.
Во Кавадарци има 20 нови, а во Неготино 3. Сите се на возраст од 19 до 77 години– потврдија од ЦЈЗ Кавадарци.
Вчера Институтот за јавно здравје регистрира 16 оздравени пациенти во Кавадарци и 9 во Неготино.
Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 87590, бројката на оздравени пациенти е 68695, на починати е 2657, а бројот на активни случаи изнесува 16238.
Од почетокот на епидемијата во Кавадарци бројот на ковид позитивни достигна 2337 случаи, од кои во моментов активни се 483.
„Во тек на вчерашниот ден во ковид центарот на нашата болница се сместени 23 пациенти, во стабилна општа состојба. Еден пациент почина на 76 годишна возраст од Кавадарци со сериозни коморбидитети“ информира директорот на болницата, д-р Диме Коцев.
А.Д

Додади коментар