Еуроникел индустри: Средината во која работи Еуроникел Индустри е чиста
18-05-2021 РЕГИОН

Од компанијата „Еурониел индустри“ велат дека мерењата на квалитетот на воздухот во последните три години покажале дека воздухот е одличен. Во соопштението до јавноста тие информираат дека континуирано се вршеле мерења од акредитирани лаборатории, а правеле и интерни анализи на квалитетот на мазутот и останатите репро материјали кои ги користат во текот на производството. Нагласуваат дека Еуроникел е компанија за производство на никел од светски калибар, каде се почитуваат сите најсовремени методи за заштита на животната средина, а не фабрика за третман на отпад.

 

(интегрален текс од соопштението)

Во врска со информациите пласирани во јавноста на емисијата со наслов „Заговор против воздухот“, со цел точно и аргументирано информирање на граѓаните, информираме  дека Еуроникел Индустри е носител на А-интегрирана еколошка дозвола. Согласно бројните обврски што произлегуваат од оваа дозвола, меѓу кои и квалитетот на воздухот, во и околу фабриката се врши 24 часовно мерење на емисиите во воздухот и квалитетот на истиот. Дополнителен мониторинг вршат  и акредитирани лабаратории и сите овие податоци постојано се поднесуваат до Министерството за  Животна Средина и Просторно Планирање. Во изминатите три години, мерењата покажуваат дека квалитетот на воздухот е одличен. Сите овие податоци се јавно достапни.

 

Како компанија, за наши потреби бидејќи всушност квалитетот на репроматеријалите, вклучително и мазутот, е важен за нашиот технолошки процес, вршиме интерни контроли на квалитетот на истиот, согласно ИСО 9001 стандардот за квалитет, кој е имплементиран во нашата компанија. Покрај овие  контроли, користиме и контрола од страна на акредитирани лабаратории. До сега од наша страна не се забележани неправилности. Ќе подвлечеме дека како и секое друго правно и физичко лице кое купува на домашен пазар, ние немаме законска обврска да го контролираме квалитетот или потеклото на репро материјалите: тоа е обврска на увозникот кој поседува соодветна лиценца за увоз и институциите како контролен механизам.

 

Исто така ќе истакнеме дека ние сме производител на никел од светски калибар, која ги имплементира сите најсовремени методи за заштита на животната средина, а не компанија за третирање на отпад. За нас е исклучително важен квалитетот на репроматеријалите, вклучително и  мазутот, кои ги користиме во производниот процес, бидејќи колку е повисок квалитетот на енергенсите, толку е поголема ефикасноста, подобри се нормативите и повисок е квалитетот на нашиот финален производ – никелот, што е наша крајна цел, бидејќи нашиот никел се пласира на европскиот и светскиот пазар, каде наша конкуренција се производители од Европа, Америка, Канада, Австралија и други.

 

На крај, имајќи предвид дека имаме личен интерес да работиме со висок квалитет на материјали, како и законска и морална должност, за што постојано презимаме бројни активности, и секако во интерес  на вистината, ние стоиме на располагање на сите надлежни органи и институции, како со податоци, така и со други инструменти, да помогнеме во детекција на евентуални неправилности на пазарот со  мазут, но и секакви други енергенси и репро материјали кои би можеле да имаат влијание врз  животната средина.



Share

Додади коментар