Завршни активности за асфалтирање на дел од улица „Методи Џунов-Џико“
26-03-2021 РЕГИОН

Ќе се асфалтираат 400 метри од улицата со што завршуваат градежните работи на капиталниот проект на Општина Кавадарци: „За подобрување на општинските услуги, Грант од Светска банка преку Министерството за финансии, за социјална вклученост „МСИП-2-СГ-НЦБ-002-20“.


Проектот се однесува на Реконструкција на водоснабдителен систем, одделување на атмосферска канализација и асфалтирање на ул.„Клинска“ и дел од ул.„Методи Џунов-Џико“.
Работите на овој капитален проект започнаа во декември 2019 година, а денес се работеше на негово целосно заокружување. Овој проект е со финансиски средства од 11 598 234 денари како Грант од Светска банка и 2 284 677 денари учество од Општина Кавадарци.

Додади коментар