Заев од Кавадарци: „Доаѓа време на слобода, демократија и правда за сите подеднакво“
23-08-2016 РЕГИОН

Лидерот на СДСМ Зоран Заев, генералниот секретар Оливер Спасовски, пратеници и други претставници од раководството на партијата синоќа беа во посета на општинската организација во Кавадарци на состанок со членството, но и по повод ставањето во функција на реновираните партиски простории.

 

Во изјавата за КТВ, Заев се осврна на актуелните состојби во земјава и нагласи дека очекува изборите да се одржат на 11 декември.

 

„Сите знаат дека партијата ја подготвуваме максимално во пресрет на  изборите. Очекуваме да се случат изборите на 11 декември. Очекуваме условите да бидат потврдени на 31 август и затоа партијата е во полни подготовки за успешно водење на позитивна кампања,  се со цел зголемување на гласовите и поддршката за опозицијата“ рече Заев.

 

Лидерот на СДСМ се осврна и на состојбите во лозарството, неисплатеното ланско грозје, недефинираните откупни цени за грозјето од годинашнава реколта.

 

„Кавадарци е многу сериозен град во Република Македонија. Тоа е моја изборна единица. Најважно од се,  овде е душата на нашата економија, тоа е центарот на македонското земјоделство, овде ни живее работлив, скромен народ. Ако Кавадарци и кавадарчани живеат подобро, ќе знаеме дека и Македонија ќе живее подобро.  Жалам што изјавата ја давам во време кога нема одредено откупни цени за грозјето, кога ланското грозје не е испатено. Кога се уште не се знае организираниот начин за откуп и пласман на овогодишните берби на грозјето, кога хаотично е организирано општеството, а велиме дека се дава генерално поддршка  на граѓаните, на земјоделците, на стопанството. Тоа воопшто не  е така. Дури една традиционална манифестација не знае да се одржи онако како што треба традиционално. Лани гроздоберот почна на 25 август ова година на 1 септември. Знаеме дека ослободувањето на Кавадарци е на  7 ми септември. Навистина е сериозна порака од страна на власта дека таа е во заминување.

 

Заев рече дека доаѓало време на слобода, правда и демократија подеднакво за сите граѓани, време во кое државата ќе се вратела на патот кон НАТО и Евроспката Унија.

 

„Сакаме да ги охрабриме граѓаните. Доаѓа ново време, доаѓа време каде што ќе владее слободата, демократијата и правдата подеднакво за сите граѓани. Доаѓа време каде што граѓанинот повторно ќе оди со кренато чело, достоинствено и гордо, гордеејќи се со тоа што го работи,  од кое што живее, школува и гледа деца. Доаѓа време кога ќе ги задржиме младите да останат во нашата земја и дај боже,  да помогнеме сите голем процент од тие што се веќе заминати да си ги вратиме овде, бидејќи тоа е нашата моторна сила. Доаѓа време каде што РМ повторно ќе биде на пругите итајчќи кон ЕУ и НАТО, верувам дека тоа време е во најава и граѓаните тоа го знаат. Заедно сите мораме Македонија да си ја вратиме да биде нормална земја, каде сите ќе живееме достоинствен живот“ рече во изјава за КТВ, претседателот на СДСМ, Зоран Заев.

 

Aнгел Данов

 

 



Share

Додади коментар