Да не се излегува надвор на отворено без потреба во период од 11 до 17 часот.Да се пијат повеќе течности и да се конзумира полесна и здрава храна.Да не им се отвара врата на непознати и да не се чува дома поголема сума на пари им порачаа денеска на лицата во категоријата на стари и изнемоштени во заедничка акција службеници на кавадаречката Полиција и волонтери на Црвен Крст Кавадарци.Одделението за превенција при Полицијата и волеонтерите на кавадаречкиот црвен крст посетија неколку домови на стари и изнемоштени лица, се разговараше со нив, за искуството до сега, за тоа како им минуваат деновите, но и дали се соочуваат со проблеми од кражби и високи температури.
Нашата екипа заедно со Полицијата и Црвен Крст го посети домот на 85 годишниот Драги Атанасов кој по загубата на својата сопруга од 2011 година живее сам. Тој доби флаери кој рече дека иако со едно око внимателно ќе ги прочита, а со изладената Изворска вода добро ќе се освежи.Своето секојдневие го сподели со како што рече милите гости, а за медиумите на прашањето како ги мунува деновите и како се справува со високите тепмератури еве што раскажа.
85 годишниот Атанасов потенцираше дека откако живее сам во неколку наврати на врати му ѕвонеле момчиња кој од него барале пари или милостина.Последен пат ги пријавил во Полиција, а на присутните службени лица им вети дека на непознати повеќе нема да отвара.Дека за било каква реакција или потреба за помош слободно може да добие информација на 192 пробно со помош на инспекторите за превенција се увери Драги Атанасов.
Милица Младенова

Додади коментар