Затвореници од затворот во Гевгелија вчера извршуваа општо корисна работа во основниот суд во Кавадарци, со што практично почна да се применува законот за пробација. Претседателот на судот д-р Лазар Нанев информира дека е потпишан меморандум за соработка со директорот на затворот во Гевгелија, а со законот за пробација ќе бидат опфатени лица кои се осудени за полесни кривични дела.
Ова работно ангажирање денеска се однесува на пет лица, кои што се осуденици. Тие извршуваат општо корисната работа. Им се смета определен број на часови од денот. Општо корисната работа се однесува на извршување на хортикултурно уредување на судот, чистење на судската зграда и други дополнителни активности, кои значат оперативно делување во делот на носење на предмети. Сето тоа значи и развивање на работните навики на самата осуденичка популација. Согласно законот имаме и двајца надзорници кои ја надгледуваат работата на осудените лица и подготвуваат извештај“ вели д-р Нанев.
Од почетокот на оваа година кавадаречкиот суд ги врати изгубените надлежности и сега е суд со проширена надлежност.
А.Д

Додади коментар