За прв пат во Кавадарци како центар на лозарството во Македонија денеска беше отворен земјоделски саем. На едно место земјоделските производители од тиквешкиот регион имаа можност да ја погледнат најновата механизација за помодерно производство и најсовремените средства за заштита и средства за поголеми приноси. Штандовите на дистрибутерите ќе бидат на градскиот плоштад и утре.
„Имајќи во предвид дека Кавадарци и Тиквешијата се најпознат лозаро-винарски регион во Македонија и бројот на земјоделци е доста голем, видовме дека има потреба на нашите земјоделци да им се приближат најновите достигнувања од агротехнологијата. Минатата година имавме доста временски неприлики, приносите во грозјето беа смалени. Потребно е да се следат современите текови. Нашата идеа за земјоделски саем беше прифатена од дистрибутерите за земјоделска опрема, пестициди и ѓубрива. Целосна подршка добивме и од локалната самоуправа и од градоначалникот Александар Панов, а тоа ни даде мотив за поголема упорност при организацијата“ рече претседателот на здружението „Винотек“, Јован Еленов. Тој нагласи дека и покрај обилниот дожд сепак интересот кај земјоделците да ги посетат штандовите е огромен.
Градоначалникот на Кавадарци, Александар Панов во изјава за медиумите ја потенцира потребата од една ваква манифестација и нагласи дека општината секогаш ќе дава максимална подршка на случувањата кои имаат за цел да им помогнат на земјоделските производители.
„ И покрај обилниот дожд имаме многу посетители на саемот. Тоа говори за големиот интерес. Задоволство ми еѓшто како локална самоуправа го подржавме здружението „Винотек“ и имаме резултат од таа работа“ рече Панов.
Саемот за отворен го прогласи заменик градоначалникот на Кавадарци и советник во кавадаречкиот совет Слободан Ивановски.
„ Се надевам дека оваа година ќе биде многу по бериќетна од претходната и дека нема лозарите да трпат штета. Доколку недај боже има нешто такво, општината е секогаш тука да им излезе во пресрет и да им покрие дел од штетата. Како претставник на општината сакам да им се заблагодарам на здружението „Винтоек“и се надевам дека во иднина ќе организираат уште многу саеми, на кои што се воспоставува линк меѓу лозарите, дистрибуитерите и производителеите се со цел да се запознаат со најновата технологија и препарати за заштита на виновата лоза“ рече Ивановски.
Организаторот е задоволен од одзивот на првиот саем и најавува дека саемот ќе стане традиционален.
„На саемот има 22 ученсици. Планираме овој саем да стане традиционален и еве даваме ветување дека ќе се потрудиме догодина саемот да биде и меѓународен. Видовме дека интерес има“ рече директорот на саемот Панче Арсовски.
Првиот земјоделски саем во Кавадарци го поздрави и деканот на Факултетот за земјоделски науки и храна од Скопје, проф д-р Драган Димитриевски.
“ Кавадарци е огормен производител на грозје и вино и суигурно дека се потребни вакви манифестации од каде земјодлците ќе се запознаваат со новата механизација, средства за заштита и другите потреби за земјоделскиот бизнис. Како институција која работи во областа на образованието и науката се влучивме со едукација на земјдоелците, што треба да направат за да бидат конкурентни на странските пазари. Потребни се стандарди. Новите пазари наметнуваат потреба од нови знаења. Ова е пример кој што треба да го следат и другите производствени региони. Она што се случува во развиениуте земји кога ќе погледнеме можеме само да завидуваме. Ваквите манифестации го подигнуваат квалитетот во проиводството и знаењето.“ рече проф д-р Димитриевски.
Во рамки на саемот денеска се одржа и предавање на тема: „Патот на успехот за добро вино“. Предавач беше проф.др Ѕвонко Божиновиќ. Саемот ќе биде затворен утре во 19 часот.
Ангел Данов

Додади коментар