Започна неготинскиот панаѓур
21-09-2017 РЕГИОН
Три дена, почнувајќи од денеска во Неготино ќе се одржува стопанско-туристичката манифестација Неготински панаѓур која има традиција од пет децении. Од општината објаснуваат дека станува збор за еден од најголемите и најпознати настани од ваков вид во државата.
-Изложени се најразличен вид на артикли. Конфекција, храна, обувки, техника, пластика, бижутерија, играчки и многу други производи, велат од општината.
Се очекуваат триесетина илјади посетители од земјава и странство, со оглед на тоа што Неготино е омилена дестинација за време на панаѓурските денови.
А.Д

Додади коментар