Започна обнова на електричната мрежа за осветлување на градскиот парк
22-05-2018 РЕГИОН
Започнаа работите на обновување на електричната мрежа од јавното осветлување во градскиот парк, информираат од прес службата на општина Кавадарци.
Во наредниот период ќе се работи на целосна обнова на подземната електрична мрежа и тоа на потегот од влезот во паркот пред „Бриони“ се до платото на спомен костурницата.
Со завршувањето на работите патеките во паркот ќе бидат целосно осветлени а паркот освен дење ќе биде достапен за граѓаните и во ноќните часови.

Додади коментар