Во одбележувањето на детската недела и годинава активно со низа активности се вклучува детската градинка Рада Поцева Кавадарци.Креативно пред се неделава младите ќе научат уште во најрана возраст за своите права. Токму на таа тема но и нивните обврски децата од градинка дискутираа вчера на трибината насловена ,,Сакам да растам здраво па затоа имам право,, а нивните пораки упатени до возрасните од градинката велат ќе бидат истакнати во холот за да може да ги прочита секој родител.Денеска во кавадаречката градинка на тема Еве сликар ќе бидам ќе направам прекрасни нешта за час децата ќе сликаат со техника туш се што се совпаѓа со темата Можам да сликам.
Техниката туш и можностите што ги нуди истата ќе ја изучува големата група .Целта е да се направи една слика за дечињата од училиштето кое тие ќе го посетат утре.Децата од малите групи со креда ќе цртаат во дворот, а средните групи ќе работат со пастелни бои.Утре најавуваат од детската градинка Рада Поцева предвидено е заедничко дружење на децата од големите групи градинка со децата од училиштата кои се наоѓаат во нивна близина.Дечињата ќе имаат можност да го запознаат просторот на училиштето, дворот, присуството на учителот на часот и секако училишното ѕвонче, а целта е со радост да се другарува во светот на детството да се царува.Четврток според планот низ игра ќе се другарува и ќе се царува во светот на детството.На оваа тема градинката ќе ги организира спортските игри со натпреварувачки дух, но исполнети со многу забава и игра за големите и средните групи по сите работни објекти на Рада Поцева.
За крај на детската недела кавадаречката градинка ја предвидува куклената претстава во изведба на воспитувачите.Ќе ја има во секој објект со сопствена сценографија, а темата е Ние децата имаме многу права,,.Од градинката велат дека со вакви и слични активности секоја година се празнува во име на детската недела во Кавадарци. Потврдуваат дека повеќе од возбудлива неделава ќе биде за сите групи на дечиња.
M.Mладенова

Додади коментар