Општина Кавадарци ја започна постапката за избор на членови на Советот на млади. Во тек е јавен повик за предлагање на кандидати кои ќе партиципираат во ова советодавно тело на советот на општина Кавадарци. Основано е заради подобрување на положбата на младите и решавање на проблемите во градот и општината.
Согласно правилата за избор на членови може да се предлагаат млади со постојано место на живеење на територијата на град Кавадарци и со старосна граница од 15 до 30 години. Советот на млади ќе брои пет члена, а од своите редови ќе се избира претседател и заменик претседател. Мандатот на избраните членови е две години.
Членови можат да предлагаат невладините организации и здруженија на млади, ученички и студентски совети и други регистрирани облици на организирање на младите.
Обрасците за прелагање на членови се подигаат од граѓанско информативниот центар при локалната самиоуправа. Подготвените предлози се доставуваат на следната адреса
Општина Кавадарци,комисија за мандатни прашања избори и именувања „Плоштад Маршал Тито“ бб Кавадарци.
А.Д

Додади коментар