Започна уредувањето на центарот на Долни Дисан
10-02-2014 РЕГИОН

Со поставувањето на камен темелник и официјално денеска започнаа активностите за партерно уредување во с.Долни Дисан. Стартот го означија директорот на Агенцијата за државни патишта, градочалникот на Неготино и претседателот на МЗ с.Долни Дисан.За кратко време жителите на ова место ќе добијат сосема нов и модерно уреден центар, катче за одмор и рекреација најави градоначалникот на Неготино Ванчо Апостолов.

Неколку села веќе добија модерно уреден центар.Со партерното уредување во с.Долни Дисан нема застанување . На листата за вакво градежно уредување се уште неколку населени места, најави Апостолов.

М.М

 



Share

Додади коментар