Започна „Тиквешки гроздобер 2016“
02-09-2016 РЕГИОН

Денеска претпладне се правеа последните подготовки, од пладне веќе се беше подготвено за стопанско туристичката и културна манифестација, Тиквешки гроздобер. Винарските визби ги поставија своите штандови на градскиот плоштад. Бината со осветлувањето и озвучувањето е поставена уште од вчера.

 

 “Следните денови во Кавадарци ќе биде празник за душата за цела Македонија. Ве поканувам во Кавадарци, заедно да ја одбележиме вековната традиција на овој град“ нагласи во поканата градоначалникот на Кавадарци, Александар Панов.

 

 Концертната програма започнува во  20 часот и 30 минути со настапот на уникатните Фолтин, за веднаш по нив да следи и концертот на „Рибља Чорба“. Официјално првата гроздоберска ден ќе заврши со Изборот на вински крал и кралица кој и годинава ќе се оддржи точно на полноќ.

 

Винскиот карневал ќе се одржи утревечер со почеток од  20 часот. Ќе има карневалски поставки  од повеќе збратимени и пријателски градови на Кавадарци. За најдобрите домашни маски ќе се доделат и три награди. Првонаградената маска ќе добиње 1500 евра, втората 1000, а трето наградената 500 евра.

 

По винскиот карневал ќе следат  концертите на Пурпурен Цепелин и легендардните Парни Ваљак.

 

Последниот ден од годинашното издание на тиквешкиот гроздобер ќе започне со настапот на уличните забавувачи и детскиот карневал кои ќе започат во 11 часот, а за во 18 часот е закажан изборот на најдобри вина. Гроздоберот ќе заврши со концертите на Bang La Decks и Tribute to Coldplay чии настапи се закажани за во 21, односно 22 и 30 часот.

 

Aнгел Данов



Share

Додади коментар