Започнати се подготовките за Богојавление-Водици
15-01-2015 РЕГИОН

Започнати се подготовките за големиот христијански празник Богојавление-Водици во храмот Свети Димитрија во Кавадарци. Во понеделник ќе се извршат два богојавленски водосвети, еден во базенот на црквата, а другиот во водите на реката Луда Мара

Старешината на храмот,  Мартин Деневски,  денеска информираше дека во понеделник во црквата со почеток од 8 часот ќе се отслужи литургија, по што ќе се освети водата во базенот на црквата. Тој упати покана  до сите верници да присуствуваат на литургијата и на овој водосвет и да наполнат осветена вода од црковниот базен.

Потоа од 10.30 часот со литија верниците и свештениците ќе се упатат кон кејот на реката Луда Мара каде ќе се осветат водите на реката. Планирано е водосветот да започне од 11 часот.

Од храмот Свети Димитрија нагласуваат дека за да нема злоупотреба на светиот крст и годинава крстот нема да се шета по домовите на кавадарчани, бидејќи во минатото повеќе групи на момчиња се претставувале како среќници и за да соберат финансиски средтва со крст ги посетувале домовите на граѓаните.

А.Д



Share

Додади коментар