Започнува асфалтирањето на новиот кружен тек во Кавадарци
01-06-2018 РЕГИОН

 

Општина Кавадрци информира дека oд денеска до 5 јуни ќе се изведуваат градежни работи (асфалтирање) на новиот кружен тек на спојот од улиците: „Партизанска“-„Блажо Алексов“ и булевар „Видое Смилевски“.

 

„За таа цел Ве известуваме дека во овој период, наведените делови од споменатите улици ќе бидат целосно затворени за одвивање на сообраќајот. Ваквиот привремен изменет режим на сообраќај ќе биде ознаачен со соодветна вертикална сообраќајна сигнализација од страна на изведувачот на работите.“ информираат од општинската прес служба.

 

Воедно општината ги информира жителите на околните згради и куќи да ги остранат своите возила и друга механизација од наведените улици, како би можела оперативата на фирмата изведувач, асвалтирањето да го изврши непречено и благовремено.

 



Share

Додади коментар