Започнуваат подготовките за Велигден
08-04-2015 РЕГИОН

Велигден или Воскресение Христово — е најголемиот и најважниот верски празник во православниот календар. Христијанските верници со овој празник го прославуваат воскреснувањето на Исус Христос по неговата смрт со распнување .Веќе се започнати подготовките за прослава на овој голем христијански празник.

Утре е Велики чеетврток. Во храмот Свети Димитрија во Кавадарци од 7 часот ќе се отслужи утрена и Василиева литургија. Во 19 часот ќе се читаат Дванаесетте страдални Евангелија со изнесување на распетието. На Велики Петок во 7 часот наутро ќе има царски часови со изнесување на плаштеницата, а вечерта од 19 часот оплакување на гробот на господ Исус Христос со вход околу храмот.

Случувањата во црквата во Кавдарци на Вели Сабота започнуваат со Василева литургија , а вечерта входот околу храмот ќе започне од 23.30 часот со златоустова литургија. Златоустова литургија ќе се отслужи за трите дена од велигденското празнување. Во понеделник на вториот ден од Велигден со литургијата ќе чиноначалствува неговото високопреосвештенство митрополитот Повардарски г.Агатангел.

Утре или на велики Четврток,домаќинките ги вапсуваат велигденските јајца. Првото јајце е посветено на Бога,второто на домаќинот на куќата,и третото за бериќет и среќа.

 На велики Петок е строгиот пост.Правилниот пост е само да се пијат течности поточно вода,чај итн. На тој ден Исус го распнуваат.Христијаните во тоа време постеле од жалост.Бидејќи јадењето претставувало задоволство тие сметале дека не треба да јадат.

А.Д



Share

Додади коментар