Да престанат нападите врз доктори. Месецов во Велес, двајца лекари беа жртви на пациенти.. Малолетен затвореник сакаше да го убие домскиот лекар, а нервозен пациент оти морал да чека вербално нападнал стоматолог. Ваквите настани го алармираа здружението на приватни лекари. Очекуваaт помош од ресорното министерство..
Во еснафското здружение велат дека секој ден се соочуваат со нетрпеливи пациенти.. Според Чолакова-Дервишова, скоро сите штом влезат во амбуланта сакаат веднаш да ја добијат здравствената услуга..
И двата напада врз лекари во велес регистрирани се во полиција. Малолетникот ќе одговара за убиство во обид а пациентот од забната амбуланта за нарушување на јавниот ред и мир.
Инаку ниту лекарите од јавното здравство не се поштедени од напади на пациенти.. Лани во скопската клиничка болница е претепан доктор а беше нападната и екипа на брзата помош.
Зоран Јаневски

Додади коментар