Тиквешкиот регион има голем туристички потенцијал кој треба да се унапредува. Туристичката понуда од регионот треба да биде со здружени сили на сите чинители на туризмо. Ова беше речено на денешната работилница што се одржа во Кавадарци, а ја организираше секторот за локален економски развој при општина Кавадарци и организацијата за индустриски развој при Обединетите нации – УНИДО.
Од името на Општината како организатор на работилницата говореше Слободан Ивановски- заменик градоначалник, кој по поздравното обраќање, подвлече дека Градоначалникот и Советото во целост стојат зад ваквите настани. Потврда за тоа е постојаното инвестирање пред се во патната инфраструктура како најважен елемент во развојот на Винскиот туризам во руралните средини. Ревитализацијата на локалниот пат Кавадарци- Ресава –Бегниште каде се наоѓа едно од најстарите тиквешки виногорија, како и Тиквешкото Езеро, како и патните правци кон Бошавијата како еколошки најчист регион каде се наоѓа винаријата „Грков“, а и лозовите насади „Барово“ на ВВ „Тиквеш“.
Ивановски уште еднаш ја искажа подготвеноста на општината активно да се вклучи во развојот на Винскиот туризам.
„Целта на денешната работилница е на едно место да ги собериме сите чинители на туризмот во Тиквешкиот регион. Тука се присутни винариите, туристичките агенции, туристичките оператори, хотелиерите и претставници од рестораните. Презентиравме формири со кои преку здружување на главните чинители во областа на туризмот може заедничко да се делува и да се остварат заедничките цели. Се надевам дека заклучоците кои произвелгоа ќе водат кон унапрпедување на туристичката понуда на општина Кавадарци преку зајакнување на винскиот туризам во Тиквешкиот регион.Самото прусиство и одзивот на денешнатра конференција говоири дека чинителите на туризмот во регионот ја препознаа потребата од заедничко делување во оваа област. Ја имаме основната инфраструктура и имаме познавање за производство на вино и виновата лоза“ рече раководителот на секторот за локален економски развој при општина Кавадарци, Тодор Ефремов.
Историјата на Тиквешкиот регион и неговиот идентитет е силно поврзан со традицијата за одгледување и производство на вино. Постојат повеќе од 70 винарници, а дел од нив имаат простор за дегустација и туристички активности. Тиквешкиот регион е лесно достапен, поврзан е со интернационален автопат. Овде има културно богатство и природни убавини, цркви, манастири, многу винарии. Тоа е дел од силниот потенцијал со кој располага Тиквешкиот регион, а пред годинаипол ги детектираше во својата студија организацијата за индустриски развој при Обединетите Нации – УНИДО.
„Еден од регионите кои беа иднтификувани во нашата студија беше и тиквешкиот регион со винскиот туризам. Затоа решивме со одредени средства да ја помогнеме таа иницијатива. Тука сме со општината да согледаме како таа иницијатива можеме да ја покачиме на едно повисоко ниво. Сега е потребно едно поврзување на сите чинители. “ рече националниот експерт за развој на кластери при УНИДО, Зоран Тодоровски и нагласи дека Тиквешијата во голема мера го има остварено потребното од инфраструктура .
„Вие се наоѓате на патот Е-75, тоа е речиси идеална позиција за доаѓање до регионот. Унапредување на локалната инфраструкутра е секогаш добредојдено. Во начело туризмот е продавање на услуга и е потребно изградување на човечки капацитети, бидејќи имаме производ кој е поврзан директно со човек, со личност“ потенцира Тодоров.
На денешната работилница беа презентирани туристичките иницијативи во Кавадарци и Неготино. Претставникот на винарската визба „Тиквеш“ се осврна на потенцијалите на винскиот туризам во тиквешкиот регион, а претставникот на винаријата „Стоби“ се осврна на можностите за раст на туризмот. За кластерскиот развој на Македонија говореше претставничката на Министерството за економија Николина Трајаноска, а за методологијата на УНИДО за развој на кластери говорше ЗОран Тодоровски.
Aнгел Данов

Додади коментар