И викендот во Кавадарци механизацијата не мируваше
29-07-2019 РЕГИОН
Викеднот што измина во Кавадарци градежната механизација не мируваше. Од службата за односи со јавноста во општина Кавадарци информираат за неколку активности кои се реализирани.
На Булевар „Македонија“ се крпеа ударни дупки со површина од 160 метри квадратни.
Механизацијата на ЈП Комуналец и на компанијата „ЈА-МИ“ работеше на расчистување на дива депонија на Булевар „Вељко Влаховиќ“. Депонијата настанала по отстранувањето на лимените гаражи. После завршување на оваа акција планирано е да се прави уште една
коловозна лента и простор за паркирање на околните згради.
Викендов се расчистуваа и диви депонии од службите на ЈП Комуналец во селото Горна Бошава.
А.Д

Додади коментар