Ангажираната оператива на фирмата „Градба промет“ асфалтираше делница од улицата „Црноречка“. Според проектот на Општина Кавадарци беа асфалтирани нови дополнителни 140 метри од оваа улица која минува до „Кавадаречки дол“.
И овој комунален проект општината го реализира во рамките на Програмата за комунална изградба, а на барање на граѓаните од тој дел на Кавадарци.
Оперативата на ангажираната фирма „Патио монт“ од Кавадарци деновиве работи на поплочување на пристапен пат до црквата во селото Возарци.
Според проектот на општина Кавадарци во оваа фаза се поплочува површина од 400 метри квадратни, на потегот од спојот со локалниот пат кон браната на „ХЕЦ „Тиквеш“ во правец на црквата.
Општината и овој проект го реализира на барање од жителите од селото Возарци.
Општината Кавадарци реализираше уште еден комунален проект. Жителите на Ваташа добиjа на користење уште една ревитализирана улица.
Оперативата на фирмата „АС-Машини“ од Кавадарци заврши со поплочување на ул. „Перо Видев“ на потегот од „Грковата чешма“ до спојот со ул. „Данко Дафков“. На оваа улица се спроведе поплочување со бехатон коцки на вкупна површина од 1.000 метри квадратни.
Претходно општината преку ЈП „Комуналец“ на истата траса изврши реконструкција на водоводната линија во должина од 200 метри
И овој проект, општината го реализираше на барање на граѓаните, при што обезбеди подобар пристап и комуникација на жителите од тој дел на Ваташа.
Општината Кавадарци преку ангажираната оператива деновиве работи на поплочување на тротоарите на проширувањето на крак од ул.„Страшо Пинџур“, кај „Кавадаречки дол“.
Тротоарите се дел од се проширувањето на коловозната лента од сегашните 2,8 метри на 5 метри. Проширувањето е во должина од 100 метри, а е на делницата од главната траса на „Страшо Пинџур“ во правец на спој со улицата „Ѓоре Брушански“.
Општината овој проект го реализира на барање на жителите од овој дел на Кавадарци.

Додади коментар