Изграден тротоар на ул „Ќиро Арсов“ во Ваташа
23-01-2020 РЕГИОН
Нов тротоар во Ваташа се изгради во склоп на програмата за комунална изградба на Општина Кавадарци, информираат од општинската прес служба.
Оперативата на фирмата „Градба промет“ на површина од 300 метри квадратни постави павер елементи за тротоар на улицата „Ќиро Арсов“.
Според проектот Претходно на таа површина се изврши порамнување и поставување на тампон.
Изградбата на тротоарот е на барање на жителите од тој дел на Ваташа.

Додади коментар