Излезност на гласање до 20.30 часот во Тиквешијата
15-07-2020 РЕГИОН

Заврши гласањето на предвремените парламентарни избори во земјава. ВО Тиквешијата гласањето помина во фер и демократска атмосфера е првичната оценка по денешниот изборен ден. Не се регистрирани нерегуларности.

 

До 20.30 часот во Кавадарци гласале 20.179 граѓани или 62,53% од вкупниот број избирачи 32.270 запишани во избирачкиот список.

 

Во Неготино правото на глас до 20.30 го искористиле 69,95% или 11.113 граѓани од вкупниот број 15.874.

 

67,97% од вкупниот број граѓани со право на глас гласале во Росоман, а 69,47% во Демир Капија.

 

А.Д



Share

Додади коментар