Изменет режим на сообраќај на Западен булевар во Кавадарци!
30-05-2019 РЕГИОН
Се известуваат жителите на Општина Кавадарци и сите останати кои сообраќаат на Западен булевар дека истиот поради изведување на градежни работи, односно асфалтирање, ќе биде затворен за сообраќај во деновите 01.06.2019(сабота) и 02.06.2019(недела) од 8 до 17 часот.

Булеварот ќе биде затворен за сообраќај од бензинската пумпа на Макпетрол се до пред Слога односно во должина од 1 километар. Земјоделците кои имаат земјоделски активности во овој дел од градот истите да ги започнат или завршат пред 8 часот и по 17 часот. Се замолуваат жителите за разбирање поради ваквиот изменет сообраќаен режим - информираат од Локалната самоуправа.

Додади коментар