Измени на прогрмата за комунално уредување на Кавадарци
28-02-2015 РЕГИОН

Штетите од поројните дождови ја наметнаа потребата од измени на програмата за уредување на градежнно земјиште на просторот на општина Кавдарци за 2015 година. Измените беа усвоени на псоелдната седница на советот а се однесуваат на изградба на нови потпорни ѕидови  кои беа оштетени од поплавите. За да се санираат состојбите на одредени реони и неопходноста од градежни инвестиции се зголемија одредени финансиски позиции во прогрмата.

Во делот извори на финансирање на програмата износот од 39.560.000 денари е зголемен на 42.260.000 денари. Исто така се менува и вкупната вредност на приходите од 128.336.000 денари на 141.036.000 денари.

Измени има и во делот на опрограмата кој се однесува на месната заедница Ваташа. Таму е додадена изградба на потпорен ѕид на ул. „Перо Видев“, инвестиција со вредност од 1,5 милиони денари. Поради оваа интервенција е зголемена и вкупната врдност за комунална изградба во Ваташа од 2,1 милион денари на 3,6 милиони денари.

Измени се направени и во изградбата на јавни објекти. Вметнато е партерно уредување на модуларен паркинг на ул. „1 мај“ со вредност од 700 илјади денари и санација на винска куќа со вредност од 500 илјади денари. Со овие градежни активности е зголемена и вкупната вредност за изградба на јавни објекти за 1,2 милиони денари.

Исто така изменет е и вкупниот рекапитулар за комунална изградба за 2015 година.  Сумата за изградба и реконструкција  на улици, е зголемена за 1,5 милион денари, а вредноста на објектите од општ интерес е зголеман за 1,2 милиони денари.

Ангел Данов



Share

Додади коментар