По шест обиди на младиот Илија Стојанов од Росоман дури денеска му се насмевна среќата и го донесе прв до осветениот крст фрлен во реката Црна кај Росоман. Стојанов вели дека е голем оптимист и лесно не се откажува.Така било и годинава при подготовките за одбележување на празникот Богојавление Водици во кој додава учество земал повторно со својата група и по посебна стратегија и како што вели божја воља прв стигнал до крстот од кој очекува многу здравје и среќа.
Во општина Росоман традиционално Богојавление Водици се слави на големо со кумство и заеднички ручек во црквата Св.Тројца.Годинава кумството го носи фамилијата на Бранко Печевски .Тие на Илија му подарија таблет, а велат кумството е бериќет.
Стојанов како најсреќен денеска беше почестен и од градоначалникот Стојанче Лазов. Од името на општината тој му подари лцд телевизор и му посака многу среќа.
Во водите на Црна Река кај Росоман годинава по осветениот крст се фрлија 28 младинци.Од црквата Св.Тројца најсреќниот доби осветена икона.Му ја врачи отец Блаже Петров.
Водици во општина Росоман продолжи со заеднички ручек за сите добронамерници во црквата Св .Тројца.
Милица Младенова

Додади коментар