Интерната амбуланта во Велес сега работи во болницата
04-03-2015 РЕГИОН

Затворена е интерната амбуланта во здравствениот дом во Велес. Наместо овде, таа од почетокот на месецов работи во склоп на болницата. Сместена е во објектот на физикалното одделение веднаш до болничката лабораторија за испитување на крв. Од управата на велешката болница велат дека ова е направено за подобрување на услугите кои ги нуди амбулантата. Инаку прегледите во неа ќе се реализираат како и до сега - посетата на специјалист ќе се одвива преку закажување во компјутерскиот систем мој термин.

Подобрување на услугите за пациентите, условите за работа на лекарите и близината на сите останатие специјалистички амбуланти се причините поради кои управата на велешката болница одлучила да ја дислоцира интерната амбуланта. Сега овде ќе се прават потребните прегледи но и препишувањето инсулинска терапија.

Преселбата на интерниот оддел од здравствениот дом треба да ги намали и гужвите кои претходно се случуваа таму, сметаат во велешката болница. инаку во следниот период е предвидено во склоп на болницата да работи и кожното одделение.. засега тоа останува да работи во просториите веднаш до поранешната интерна амбуланта.

З.Јаневски 



Share

Додади коментар