Кавадаречката полиција најавува засилени мерки кон возачите на мопеди и мотоцикли
14-05-2020 РЕГИОН

Сите возачи на мопеди, мотоцикли, лесни трицикли, трицикли и четирицикли пред  да ги вклучат своите возила во јавен сообраќај, потребно е истите да ги доведат во технички исправна состојба, односно истите да бидат регистрирани и да ја продолжат важноста за осигурителна полиса, а возачите да се со важечка дозвола во зависност од категоријата на моторни возила во која спаѓа возилото кое го управуваат - апелираат од ОВР Кавадарци.

 

Во апелот се нагласува дека возачите и лицата кои управуваат и се превезуваат со мопеди и мотоцикли, лесни трицикли, трицикли и четирицикли, за време на управувањето на возилото задолжително да користат заштитен шлем (кацига) со што би се намалила опасноста од предизвикување на повреди при случување на сообраќајни незгоди.

 

Исто така се апелира до родителите да не им дозволуваат на нивните малолетни деца да управуваат возила од горе споменатите категории пред да се стекнат со право за управување, бидејќи за истото ќе се соочат со преземање на репресивни мерки спрема нив, согласно законот.

 

Од страна на ОВР Кавадарци во наредниот период ќе се превземаат засилени мерки спрема оваа категорија на возачи, како на превентивен, така и на репресивен план.

 

А.Д



Share

Додади коментар