Кавадаречкиот панаѓур на 7, 8 и 9 октомври
29-09-2016 РЕГИОН

Традиционалниот „Есенски панаѓур“ ќе се оддржи една недела порано, односно на 7, 8 и 9 октомври, петок, сабота и недела.

 

Како и минатата година, така и оваа предвидено е поставување на санитарен јазол и вода за корисниците, со цел да бидат поштедени околните подруми на зградите и другите објекти кои и покрај желбата на организаторот, секоја година страдаат од несовесните или помалку внимателните панаѓурци.

 

Локацијата и годинава останува непроменета, па панаѓурските тезги ќе бидат поставени на булеварот „Никола Минчев“ поранешен „Едвард Кардељ“ на потегот од кружниот тек кај новата автобуска станица, до спојот со „Северен Булевар“, а покрај овие улици целосно затворен за сообраќај во деновите на оддржувањето на панаѓурот ќе биде и булеварот „Македонија“ од спојот со улиците „Орце Николов“ до булеварот „Цветан Димов“.

 

K.Ѓ

 



Share

Додади коментар