Едногласно, без дискусии советот на општина Кавадарци во рамки на редовната 17 та седница го усвои кварталниот извештај за извршување на буџетот во третиот квартал од годината.
Kако што стои во образложението на извештајот, остварувањето на вкупните приходи по сите основи за периодот од почетокот на годината заклучно со 30 септември е во износ од 477.946.860 денари во однос на планираните 1.050.632.000 денари или изразено во проценти 45,49 %.
Остварувањето на редовните буџетски приходи изнесува 197.845.558 денари во однос на планираните 532.173.000 денари, или изразено во проценти изнесува 37,18 %.
Приходите од наменски дотации се 254.488.467 денари во однос на планираните 373.073.000 денари, или изразено во проценти изнесува 68,21 %.
Во рамки на денешната седница советот ги донесе планот за програми за развој, годишната програма за поставување на времени објекти и измените и дополнувањата на програмата за уредување на градежно земјиште.
Исто така советот ја донесе програмата за работење на зимската служба и програмата за дочек на новата 2019 година.
Советот донесе и програма за контрола на популацијата на бездомни кучиња, за заштита и благосостојба и третман на бездомни кучиња затекнати на јавни површини.
Беа донесени неколку одлуки за прифаќање на донација на материјални добра за потребите на општината и одлуки од управниот одбор на ЈП Комуналец.
A.Д

Додади коментар