Кавадаречкиот совет ја одржа 60-та седница - формирана комисија за проценка на штети од сушата
27-08-2021 РЕГИОН

Едногласно советот на општина Кавадарци денеска донесе решение за формирање на комисија за процена и утврдување на висината на штета, настаната од природна непогода – суша.

 

Едногласно помина и одлуката за ослободување од плаќање на партиципација на деца роми, на возраст од 3 до 6 години во предучилишното образование, на подрачјето на општина Кавадарци за учебната 2021/22 година.

 

Советот ги усвои и извештаите за работењето на ЈП Комуналец и МХЕЦ Лукар за период од 1 јануари до 30 јуни годинава, како и извештајот за работењето на детската градинка „Рада Поцева“, програмата за работа на оваа установа и годишниот план за вработување за воспитната 2022 година. Советот даде поддршка на одлуките за зголемување на бројот на деца по воспитни групи и за утврдување на работното време на вработените во градинката.

 

Едногласно поминаа програмата за работа на ООМБУ „Лазо Мицев Рале“ за учебната 2021/22 и планот за вработување на ЈОУ библиотека „Феткин“.

 

Со одлука на советот, воводовната линија и атмосферската канализација кои се градеа во село Сопот се отстапија на користење на ЈП Комуналец.

 

Како што објасни градоначалникот Митко Јанчев, сите објекти кои ги гради општината треба да бидат отстапени на користење на соодветен општински субјект во чиј секотор припаѓа. Јанчев посочи дека реконструкцијата на водоводна и атмосферска мрежа е завршена со средства од 12 милиони денари, добиени од бирото за развој.

 

А.Д



Share

Додади коментар