И покрај тоа што модуларниот паркинг во Кавадарци веќе еден месец и официјално е во функција сепак проблемите со паркирањето во градот продолжуваат. Неговото функционирање е неприметливо, бидејќи потребни се уште многу паркинг места. Од локалната самоуправа најавуваат дека со изградбата на овој паркинг и не престанале активностите за средување на хаосот во паркирањето. Од следната година ќе се паркира организирано, ќе започне зонско паркирање по примерот во Битола.
“Мое лично убедување е дека само со зонското паркирање ќе се надмине проблемот со паркирањето во градот. До крајот на годината им оставаме на граѓаните бесплатно да паркират во модуларниот паркинг со цел да се навикнат да го користат. Од следната година ќе започне јавно-приватно партнерство и за паркирање ќе се наплаќа. ВО моментотв се изготвува студија за такво партнерство. Нејзината нацрт верзија се надевам дека на наредната едница ќе стигне до советот, а потоа ќе оди на јавна расправа.“ рече Панов.
Зонското паркирање ќе опфати три зони од градот. Центарот на градот ќе биде прва зона и доколку сакаат граѓаните да ги паркират автомобилите ќе треба да платат и повеќе. Втората зона ќе биде улицата „Илинденска“, а третата зона ќе го опфати новиот ценат. Овде паркирањето ќе биде нешто поевтино за разлика од централното градско подрачје.
А.Д

Додади коментар