Кавадарци ќе добие уште 40 паркинг места
21-05-2020 РЕГИОН

Според проектот на површина од 1.100 квадратни метри се гради плато за паркинг на автомобили каде ќе се постават бехатон плочки. Досега Општината преку ангажираната оператива спроведе расчистување на теренот со проширување на влезот од улицата „Лазо Мицев“,порамнување и тампонирање.
Паркингот во ноќните часови ќе биде осветлен со Јавно улично осветлување за што е поставена нисконапонска мрежа за десет метални канделабри со висина од 4 метри за ЛЕД светилки секоја со јачина од 40 вати.
Новиот паркинг простор ќе го намали недостигот од паркинг места особено во пазарните денови.

Додади коментар