Кварталниот извештај за извршувањето на буџетот на општина Кавадарци за првиот квартал од 2015 година и ребалансот на буџетот се дел од точките за работа на советниците на утрешната триеста седница на советот на општина КАвадарци.
Советниците ќе ги разгледуваат извештаите за реализација на програмата за активностите на општина КАвадарци во областа на спортот и младит во 2014 година, извештајот за реализацијата на манифестацијата Свети Трифун 2015 година и извештајот за работа на ЈП Комуналец за период од 1 јануари до 21 декември 2014 година. Исто така советот ќе го разгледува извештајот и за реализацијата на програмата за уредување на градежно земјиште на просторот на општина Кавадарци за 2014 година.
На дневен ред е и предлог програмата за изменување и дополнвање на програмата за уредување на градежно земјиште на просторот на општина Кавадарци за 2015 година, извештајот за реализацијата на програмата за изградба реконструкција и одржување на локалните патишта. Исто така дел од седницата се неколку одлуки од областа наурбанизмот.
Ангел Данов

Додади коментар