Ковид 19: Во изолација дневниот центар за лица со посебни потреби во Кавадарци - 21 нов случај во Тиквешијата
05-11-2020 РЕГИОН

Осум штитеници и 5 вработени во дневниот центар за лица со посебни потреби во Кавадарци се во изолација,  поради позитивен случај на корона вирус кај една вработена во ценатарот. Во изолација се и 14 деца и 2 вработени во кавадаречката градинка,  потврдија денеска од Центарот за јавно здравје.

 

Во последните 24 часа дијагностицирани се 21 нов позитивен случај на ковид 19 во Тиквешијата. Од нив 14 се во Кавадарци, двајца во Росоман и петмина во Неготино.


„Во Кавадарци позитивните се на возраст од 25 до 59 години, во Росоман на 24 и 67години, а во Неготино од 23 до 73 години. Во Неготино едно лице на 73 години е хоспитализирано во болница. Меѓу позитивните во Кавадарци има и еден здравствен работник. Во дневниот центар се преземени сите потребни мерки и е направена дезинфекција, центарот не работи. “ информира епидемиолог д-р Ристе Јовановски.

 

Се работи на утврдување на контактите на новите случаи. 

А.Д



Share

Додади коментар