Ковид 19: Во Тиквешијата 31 нов случај на корона вирус
06-11-2020 РЕГИОН

И понатаму се зголемува бројот на позитивни на ковид 19 во Тиквешијата. Во изминативе 24 часа (заклучно со 14.30 часот) дијагностицирани се вкупно 31 нов случај во тиквешкиот регион.


„Во Кавадарци има 16 нови случаи, во Росоман 5, во Неготино 8 и двајца во Демир Капија. Работиме на утврдување на нивните контакти“ инфомрираше епидемиолог д-р Ристе Јовановски.

 

Починат е еден пациент на 70 годишна возраст на инфективна клиника.

 

Заклучно со вчерашниот ден на ковид одделот во кавадаречката болница се хоспитализирани 42 пациенти - информираа од болницата.

 

Во Кавадарци од почетокот на епидемијата има вкупно  625 позитивни, а активни се 285 случаи.

А.Д



Share

Додади коментар