Ковид 19: Нови 10 позитивни во Тиквешијата
03-11-2020 РЕГИОН

Седум мина во Кавадарци на возраст од 39 до 77 години се позитивни на корона вирус во последните 24 часа, потврдија од Центарот за јавно здравје. Има едно позитивно лице и во Неготино на возраст од 41 година и два позитивни случаи во Росоман на возраст од 14 и 59 години.

 

„Од Кавадарци две лица на возраст од 75 и 77 години се хоспитализирани во болница. Меѓу позитивните има и едно медицинско лице“ информира епидемиoлог д-р Ристе Јовановски.

 

Се вршат епидемиолошки анкети за откривање на контактите на новите позитивни, а сеуште се очекуваат резултати од направени тестирања, па во текот на денот можно е да има и промена на бројот на нови позитивни.

 

Од Центарот за јавно здравје информираат дека е зголемен бројот на тестирања.

 

 Заклучно со вчерашниот ден во Кавадарци активни се 240 случаи, а вкупно дијагностицирани од почетокот на епидемијата се 548 лица. Во Неготино активни се 93 случаи од вкупно 171 дијагностициран.

 

А.Д

 



Share

Додади коментар