Комуналец набави ново возило за износ на смет
23-08-2016 РЕГИОН

Во кавадаречкото комунално претпријатие денеска беше промовирано новото возило за износ на смет од контејнери кои се со зафатнина од 5 и 7 кубика.

 

Присутен  беше и градоначалникот Александар Панов. Заедно со директорот Илија Атанасов покрај за новото возило информираа и за други проекти кои ги работи комуналното претпријатие.

 

„Оваа година, како и претходната, продолжуваме со традицијата за обнова на возниот парк. Набавено е возило за износ на смет за контејнери од 5 и 7 метри кубни. Вредноста е околу 5 милиони денари. Во фаза на тендерирање е проектот за заемна на водоводна, атмосферска и фекална линија, од градскиот базен до „коњските дупки“. Во тек е изработка на проектна  документација за колекторот на Луда Мара. За реконструкција на колекторот потребни се околу 4 милиони евра. Најверојатно ќе го работиме во етапи од почеток на 2017 па во наредниот период.“ рече Атанасов и информира дека средствата за реконструкција на  водоводната, канализационата и атмосферска линија од градски базен до коњските дупки во вредност од 500 илјади евра биле обезбедени од тековното работење на Комуналец.

 

Градоначалникот Панов рече дека е горд на најдоброто јавно комунално претпријатие во земјава, бидејќи значително е обновен возниот парк со нови возила со кои ќе им се даваат поквалитетни услуги на граѓаните.

 

„ Посебно ми е мило кога се наоѓаме во најуспешното комунално претпријатие во Македонија и претпријатие од кое јас потекнувам. Кога ќе дојдете во дворот на Комуналец, односно оние што некогаш работеле,  сега кога ќе го видат обновениот возен парк навистина е нешто што не е нијанса разлика, туку е споредба меѓу црното и белото. Во изборната програма имавме асвалтирање на т.н „Ан“ кој ќе биде асавалтиран во наредниот период и во зависност од можностите и потребите ќе биде адаптиран за паркинг простор во централното градско подрачје со што мислам дека потребата за паркинг место повеќе ќе се надмине“ нагласи Панов.

 

Ангел Данов

danovangel@gmail.com



Share

Додади коментар