Комунална изградба во селото Сопот
15-01-2018 РЕГИОН

 

Општина Кавадарци деновиве привршува со реализацијата на дел од програмата за комунална изградба во село Сопот.

 

Согласнопланот за комунална изградба 2017 година, оперативата на фирмата „Жикол“ од Струмица работеше на три позиции.

 

Станува збор за поставување на бекатон коцки на една улица, тротоар, какои на патека околу огништето со трибини, каде сопотчани за време на Василица го палат Василичарскиот оган.

 

 

Вкупната поплочена површина на трите позиции изнесува 250м2, а инвестицијата е во износ од 405.000 денари. Средства кои општината Кавадарци ги намени за оваа цел, а се обезбедени од буџетот ставка комунална изградба.

 

После завршувањето на работите во село Сопот, оперативата на фирмата „Жикол“ се сели во селата Крњево и Горна Бошава каде ќе се работи на поплочување со павер елементи - информираат од кабинетот на градоначалникот Митко Јанчев.



Share

Додади коментар