Во пресрет на квалификациите за европското првенство во кошарка што ќе се одржат во Кавадарци започна средувањето на северниот влез во спортската сала Јасмин. Општината инвестира 1 милион денари за санирање на влезот, а проектот е дел од програмата за комунална изградба. Ќе бидат уредени 1000 м2.
На увид на градежните работи беше и градоначалникот Александар Панов. Тој проговори и за останатите акивности на терен од комуналната изградба.
„Оперативата на „Градба промет“ заврши со реконструкција на дел од улицата „Благој Крстиќ“ од спојот со ул. „Браќа Наџи Тефови“ до паркингот под хотел „Балкан“. Станува збор за улица од источната страна на зградата на општина Кавадарци, во површина од 270 метри квадратни“ рече Панов. Тој информира дека со овој зафат беше опфатена и една третина од задниот двор на општината, поточно спојот на улицата со влезот во дворот на општинската зграда, руинираната цементна основа сега се замена со асфалтна подлога. За оваа намена се потрошени 705 илјади денари.
ВО наредните денови со гранитни коцки ќе биде доуиреден задниот влез во општинската зграда со цел лицата со попреченост полесно да стигнуваат до лифтот кој е наменет за нив за полесен пристап до општинските служби.
Директорот на спортската сала „Јасмин, Сашко Атанасов најави дека кавадаречката спортска сала е секогаш спремна за врвни спортски случувања.
Од општината информираа дека на барање на жителите од маалото „Крива чешма“ се менувале гранитните коцки на дел од улицата „Вано Гунев“ со армирано бетонска подлога. Поради конфигурацијата на теренот и поставенота на дел од куќите на ова улица жителите редовно се среќавале со проблем на избивање на влага во ѕидовите кои се под нивото на улицата. Беше утврдено дека при пообилни дождови водата продира преку слоевите на гранитните коцки и понира во ѕидоивите.
За отстранување на овој проблем биле потрошени 400 илјади денари.
Исто така во изминатите денови се заврши со реконструкција на дел од тротоарот на ул „Страшо Пинџур“.
А.Д

Додади коментар