Кој и зошто ја запира водата од Луда Мара?
27-07-2016 РЕГИОН

Дваесетина дена коритото на реката Луда Мара е речиси без вода. Го нема ниту биолошкиот миниум кој согласно закон е потребен да протекува. Екологистите го кренаа својот глас. Реагираат и жителите на Ваташа, но и кавадарчани. Бараат итна интервенција на инспекциските служби и останатите надлежни структури да се реши овој проблем пред целосно да се уништи флората и фауната во реката.

 

Денеска е пуштена помала количина на вода од под шталата во Ваташа по течението на Луда Мара до градот, но сеуште нема вода во горниот дел и кај брана Моклиште.

 

„ Рибниот фонд едвај да го има, а од ракови ниту р.немаше. Кој ќе одговара за несовесното уништување на биодиверзитетот во реката, која претставува природно богатство на Кавадарци. Надлежните да излезат со податоци и кривични, а не да молчат“ реагираа екологистите од „Еко Живот“.

A.Д

 

 

 



Share

Додади коментар