КТВ со највисок рејтинг во Вардарскиот регион и во мај и јуни
24-07-2017 РЕГИОН

Агенција за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги ги објави најновите резултати од направеното испитување за досегот на радиостаниците и за уделот во вкупната гледаност на ТВ станици, за мај и јуни 2017 година.

 

Регионалната КТВ телевизија во континуитет  е на врвот по гледаност во Вардарскиот регион. Помеѓу регионалните ТВ канали, најголем неделен досег во својот радиодифузен регион  во мај и јуни  остварува КТВ (15% од популацијата во регионот Д1 Велес.

 

 Најгледани содржини на регионалните и локални телевизии се вестите, информативните програми  и забавната или музичка програма.

 

 Најголем дел од населението- 51.6%, телевизискиот сигнал го добива преку кабелски оператор, потоа следува IPTV со 28%, обична антена без месечна претплата 5,9% и сателитски приклучок – 4,7% од населението.

 

 Анкетирањето беше извршено со употреба на CATI метода – телефонско интервју со помош на компјутер.

 

КТВ им благодари на своите гледачи за довербата која во континуитет ја има.



Share

Додади коментар