Купишта диви депонии ќе ве пресретнат додека стигнете до Тиквешкото Езеро
08-10-2018 РЕГИОН

 

 

Ѓубре ги дочекува туристите кон Тиквешко Езеро, реагираат од еколошкото друштво Тисовец од кавадаречко Возарци, село кое е во близина на втората по големина вештачка акумулација во државата.

 

 -Иста проблематика со години, покрај тоа што редовно се чисти со помош на јавното претпријатие “Комуналец” од Кавадарци, пак исто. Според нас, поединци несовесни селани и одделни сопственици на викендички крај езерото, се виновници за ваквата непријатна слика, вели претседателот Сашко Данов.

 

 

 Нагласува дека надлежните треба да преземат мерки и да ги казнуваат несовесните.

 

 Инаку, крај Тиквешко Езеро има над три илјади викендички.

 

С.Д



Share

Додади коментар