25.09.2017 (КТВ)
ВМРО-ДПМНЕ изборната кампања вечерва ја започна со предизборен митинг од селото Ваташа. Кандидатот за градоначалник, Митко Јанчев пред ваташани ги презентираше предвидените проекти од програмата. Им вети дека доколку ја добие нивната подршка општината ќе биде многу поблиска до граѓаните. И во Ваташа ќе имало претставник на општината кој ќе се грижел за проблемите на ваташани во рамки на проект „мој општинар“.
„Ние како партија и јас како кандидат имаме предбидено трјно капитално решение за градскиот зелен пазар. На постоечката локација ќе се гради нов пазар и простор за паркирање. Редно беше да се направи и Кавадарци да има заслужен паркинг. Од изградбата на спортската сала досега нема ништо инвестирано. Ние како идна локална власт ќе се заземеме и имаме економски капитален проект. Ќе изградиме затворен базен, и други содржини и Кавадарци ќе има модерен комплекс“ рече Јанчев.
Најави нова индустриска зона и зголемување на вработувањето.
„Комплетно ќе го уредиме коритото на реката луда Мара од Ваташа до градскиот плоштад. Ќе ги решиме проблемите со пороите и со канализацијата. Имаме проект за комплетно уредување од Ваташа до Моклиште. Тоа ќе биде урбана средина, каде секој ќе може безбедно да се прошета. Ќе имаме комплетно уредување и на Моклиште и на спомникот на 12 сте ваташки младинци. Мораме да направиме комплекс, каде што ќе има кантина, занимална и една куќа музеј, каде ќе работе човек кој ќе ја раскажува историјата на Ваташа“ вети пред ваташани кандидатот за ВМРО-ДПМНЕ, Јанчев.
„Ова е првиот митинг. Одовде почнуваме секогаш и секогаш победуваме. Уште една голема победа ВМРО-ДПМНЕ ја очекува и на овие избори затоа што имаме добар кандидат и одлична советничка листа“ рече носителот на советничката листа Горица Пеливанова Вилхелм.
А.Д

Додади коментар