„ При нашата посета на околу градските локалитети „Калница“ и Љубаш согледавме дека боровите насади, насадени пред повеќе од 60 години се сериозно нападнати од паразитска гсеница. Боровиот четник се заканува сериозно да ги оштети, до исушување“ вели за КТВ професорот во пензија и докажан екологист Томе Лисичанец.
Тој нагласува дека постои сериозна опасност гасениците да се прошират и на боровите дрва во градскиот парк и по поедини борови дрва низ градот.
„Исто така постои и друга опасност. Сите посочени локалитети се излетнички места посетувани од нашите граѓани, особено градскиот парк и излетничката патека, од паркот до гребенот над Калница, а гасеницата – боров четник (која сега е во гнезда со пајажина) за брзо, со доаѓањето на пролетта ќе почне да лази по дрвјата и земјата, а киселините кои таа ги остава предизвикуваат опасна алергија кај луѓето и целиот простор ќе биде опасен за сите посетители и минувачи, долго време“ вели професор Лисичанец и алармира дека е потребна итна акција за санирање на ваквата состојба, додека гасениците сеуште се во гнездата.

Додади коментар