Лицата со инвалидитет од денеска можат да го користат специјализираното комбе
20-08-2018 РЕГИОН

Комбето адаптирано за потребите на лица со инвалидитет официјално е пуштено во употреба од денес.
Ова возило ќе им биде достапно на лицата кои имаат потреба од истото. За почеток комбето ќе функционира во рамки на Општина Кавадарци. Комбето е достапно секој ден од 8 до 20 часот. За користење на ова возило лицата ќе можат однапред, односно ден порано, да се координираат со лицето задолжено за превоз, Ристе Маркушев со телефонски број 071 328 523 - информираат од општината.

Додади коментар