Од балканскиите земји каде што се одгледува расата на говеда Буша Македонија поседува најчиста раса на Буша. Ова беше потврдено со резултатите од последните ДНК анализи на крвта кои беа испитани во рамките на Програма за заштита на биолошката разновидност во сточарството. Оваа информација беше соопштена на последната средба на сточарите во Скопје не информи Александар Клинчаров стручен соработник на факултетот за земјоделски науки и храна и координатор за заштита на биодиверзитетот во Тиквешкиот регион.
Ова значи дека од вкупниот број на грла говеда кој на ниво на Македонија изнесува 213 000 е потврдено дека 20 000 и припаѓаат на најчистита раса Буша или 10% како автохтона раса која се одгледува на овие простори. Во Тиквешијата во 55 одгледувалишта со 1 600 грла во 3 одгледубалишта е потврдено постоењето на чистокрва на Буша а деновиве треба да се потврди во четвртото одгледувалиште. Инаку во Македонија има пет региони каде што се одгледува Буша и тоа во Мариовскиот, Тиквешкиот, Огражденскиот и Езерскиот регион месноста Балчиште. Со зачувувањето на генетски материјал во ген банката во Македонија ќе се овозможи зачувување на оваа автохтона раса кој во Тиквешијата е застапена со 3 типа на совеи ёбуша и тоа : кафеав, сив и црн сој.
Мирјана Мукаетова

Додади коментар